Дирекцијата за работа со хартии од вредност формирана е во 2002 година, со Решение од Комисијата за хартии од вредност. Дирекцијата за работа со хартии од вредност ги задоволува стандардите за работа со хартии од вредност согласно Законот за хартии од вредност. Технички е опремена за тргување на Македонската берза на хартии од вредност преку електронскиот систем за тргување (БЕСТ) со што услугите ги извршува квалитетно , брзо и ефективно. Од кадровска екипираност во Дирекцијата работат лиценцирани брокери со лиценца од Комисијата за хартии од вредност кои брзо и квалитетно одговараат на барањата на клиентите.
Видови на услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола Дирекцијата согласно Законот за хартии од вредност:
1. Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
2. Купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
3. Управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
4. Вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
5. Вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
6. Дејствување како покровител при котација;
7. Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва.
Секојдневните активности на Дирекцијата за работа со хартии од вредност се насочени кон секојдневни контакти и целосно информирање на клиентите за нивните можности, обврски и права се со цел подобрување на услугите и нивно приближување кон потребите на клиентите.
- Можност за подобро оплодување на средствата преку инвестирање во капитал, отколку вложување во штедни влогови. - Можност за долгорочно штедење преку дисконтно купување на државни обврзници. - Купување на државни обврзници со дисконт за плаќање на градежно земјиште и други отплати спрема државата. Купување и продавање на хартии од вредност
Потребни документи за продавање на хартии од вредност
Документ за лична идентификација (лична карта или пасош), извод од сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност како доказ за сопственост на хартиите од вредност, штедна книшка, тековна сметка или жиро сметка за физички лица и правни лица отворена во некоја Банка во Р. Македонија, доколку не поседува сметка може во истиот момент на клиентот да му се отвори штедна книшка или сметка во Силекс банка АД Скопје.
За правни лица потребно е:
- Одлука за продавање на хартии од вредност од орган на управување на правното лице кое е сопственик на одредена количина на хартии од вредност;
- Овластување за физичко лице кое ќе ги потпише формалните документи при купопродажба на хартии од вредност;
- Решение од Централен регистар;
- ЗП образец (овластени потписници) од Централниот регистар – заверен на нотар.
После извршената трансакција клиентот добива Извештај за продавање на хартии од вредност но по три работни дена од денот на трансакцијата(Т+3) по принципот испорака наспроти плаќање на клиентот му се исплатуваат паричните средства намалени за трошоците за извршената брокерска услуга.
Потребни документи за купување на хартии од вредност
1. Документ за лична идентификација (лична карта или пасош); 2. Паричен влог во полн износ зголемен за трошоците на тргување за извршената брокерска услуга; 3. Отварање на сметка во Централниот депозитар за хартии од вредност доколку не поседува.
За правни лица потребни е:
- Одлука за купување на хартии од вредност од орган на управување на правното лице кое сака да купи одредена количина на хартии од вредност;
- Овластување за физичко лице кое ќе ги потпише формалните документи при купопродажба на хартии од вредност;
- Решение од Централен регистар;
- ЗП образец (овластени потписници) од Централниот регистар – заверен на нотар.
За извршената трансакција на клиентот му се дава Извештај за купените хартии од вредност.
Надоместоци за извршување на брокерски услуги на Дирекцијата за работење со хартии од вредност
|
1. Брокерска провизија за тргување со акции на Мак.Берза/Купување Продажба/ |
|
|
Вредност на трансакција |
Провизија |
|
-до Ден. 20.000 |
Минимум Ден=200,00 |
|
-од Ден.20.001,00-30.000,00 |
Минимум Ден=300,00 |
|
-од Ден.30.001,00-50.000,00 |
Минимум Ден=500,00 |
|
-од Ден 50.001,00-2.000.000,00 |
0,9% |
|
-од Ден 2.000.001,00-5.000.000,00 |
0,7% |
|
-од Ден 5.000.001,00-10.000.000,00 |
0,5% |
|
-над Ден 10.000.001,00 |
0,45% |
|
2. Тргување со акции во сопственост на ПИОМ |
0,9% |
|
3. Тргување со обврзници на РМ купување - продажба |
0,75% |
|
4. Блок трансакции |
|
|
-до Ден.10.000.000,00 |
0,6% |
|
Во одреден случај |
Цена по договор, со одобрение на Работоводен Орган на Банката |
|
5.Покровителство и припрема на акционерско друштво за котација на Официјалниот Пазар на Македонската берза |
Ден=200.000,00 |
|
6.Резервирање на акции кај ЦДХВ на групна сметка за пренос со нетрговски трансвер |
Ден.=200,00 по акционер |
|
7.Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за превземање на едно акционерско друштво |
Цена по договор, со одобрение на Работоводен Орган на Банката |
|
8.Раскинување на договор |
Ден.=500,00 |
За сите работи кои ќе произлезат во текот на работењето на Дирекцијата а не се предвидени во тарифникот ќе се наплатува договорена провизија со одобрение на Работоводен Орган.
Дирекција за работа со хартии од вредност
Лице за контакт:
Маја Ивановска
E-mail: dhv@sileksbanka.com.mkТел. +389 (0)2 3 249-360, +389 (0)2 3 249-361 |